За нас

ТЕХНОСКОП Бошко ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 1995 година. Лоцирана е на  сопствен деловно продажен и административен простор и тоа - 1500 м2 отворен и 600 м2 затворен простор, како и сопствен возен парк за достава до нашите коминтенти.  Основната дејност на ТЕХНОСКОП е трговија на репроматеријали во областа на водовод и тоа цевки, фитинзи, хидрантска опрема, водомери, затворачи и останати репроматеријали и арматури за водовод и располага со димензии на материјалите од DN50 – DN600. Вработените во “ТЕХНОСКОП” со своето стручно познавање во областа на водоводот и водоводно/канализационите материјали се компетентни да дадат одговор на сите градежни инвеститори кои бараат компанија која може да стои зад нив и да ги снабди со сите потребни примарни и секундарни матријали за водовод почнувајки од најмалата завртка и навртка па се до опрема за примарен водовод. Сите вработени делуваат како тим во однос на сите фази на реализација на производот до крајниот купувач ,за што сведочи континуираниот раст на клиенти .ТЕХНОСКОП исто така учествува во набавка на материјали како за локални, така и за регионални водоснабдителни мрежи.Токму поради тоа, наши најголеми купувачи се најголемите фирми од градежништвото, монтерските фирми, фирми од прехрамбената индустрија, јавни водоводни претпријатија во Р.Македонија и други. ТЕХНОСКОП како резултат на постојаност, квалитет и доверба од купувачите има склучено договори за дистрибутерство и ексклузивно застапништво со реномирани европски производители.Kвалитетот на производите кои ги нуди ТЕХНОСКОП се поткрепени со сертификати и атести, како и стручни лица кои можат да обезбедат паралелно соодветно решение по конкурентни цени на пазарот така и соодветна обука за имплементација и користење.

Квалитетот на ТЕХНОСКОП се изразува преку редовни обуки и семинари, информираност, истражување и следење на пазарот.

Континуираното подобрување го постигнуваме со навременото препознавање на потребите и изнаоѓање на вистинските решениа кои  се базираат на ефективност, ефикасност, квалитет, брзина, точност.

Иднината на ТЕХНОСКОП, со максимално залагање на стручниот тим вработени се стреми да делува како компанија која е лидер на домашниот пазар претпознатлива по квалитет  и конкурентен партнер во регионот, проширување на својата палета на производи како и искуство и тренинг на вработените.

                    

Copyright © 2015 Техноскоп